Станбениот квадрат во Македонија падна на 799 евра

Bez autora
Dec 18 2013

Се опоравува пазарот на недвижности во светот и во повеќето земји има раст, отколку пад, покажува известувањето на специјализираната компанија "Глобал проперти гајд". Во периодот јули до септември цените на недвижностите прилагодени на инфлацијата пораснале на 27 од 40 пазари на недвижнини кои досега објавија статистички податоци - наведуваат во "Глобал проперти гајд". За споредба, во второто тримесечје 30 од 42 пазари бележат раст на цените на недвижности прилагодено на инфлацијата. Во најновиот извештај на "Глобал проперти гајд" се издвојува и силен влезен тренд на цените, потоа подобрување на трендот на 32 пазари во третото тримесечје во однос на истиот период лани, односно има слабеење на девет пазари. Македонскиот пазар на домување останува слаб. Во текот на 2012 година просечната цена на становите во Македонија паднала за 0,4% на годишно ниво (прилагодени на 0,2% инфлација) достигнувајќи 49.941денари, или 799 евра по квадратен метар.

Станбениот квадрат во Македонија падна на 799 евраСе опоравува пазарот на недвижности во светот и во повеќето земји има раст, отколку пад, покажува известувањето на специјализираната компанија "Глобал проперти гајд".

- Во периодот јули до септември цените на недвижностите прилагодени на инфлацијата пораснале на 27 од 40 пазари на недвижнини кои досега објавија статистички податоци - наведуваат во "Глобал проперти гајд". За споредба, во второто тримесечје 30 од 42 пазари бележат раст на цените на недвижности прилагодено на инфлацијата.

Во најновиот извештај на "Глобал проперти гајд" се издвојува и силен влезен тренд на цените, потоа подобрување на трендот на 32 пазари во третото тримесечје во однос на истиот период лани, односно има слабеење на девет пазари.

Македонскиот пазар на домување останува слаб. Во текот на 2012 година просечната цена на становите во Македонија паднала за 0,4% на годишно ниво (прилагодени на 0,2% инфлација) достигнувајќи 49.941денари, или 799 евра по квадратен метар. Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, во втората половина на 2012 година цените на куќите падна за 5,4%.

Најмногу од недвижностите се сконцентрирани во Скопје каде просечната цена на становите се намали за 0,5% (прилагодени на 0,12% инфлација) при што просечната цена на квадратен метар достигна 58.687 денари или 939 евра.

Цените на куќите во другите делови на Македонија, всушност, се зголеми за 4,9% (прилагодени на 5,5% инфлација) на годишно ниво и изнесуваа просечно 43.328 денари или 693 евра по квадратен метар.

- Во јуни 2013 година, вкупниот број на издадени градежни дозволи падна за 27,7% до 180 дозволи споредено со истиот период лани. Исто така, вредноста на објектите паднала за 83,1% на годишно ниво достигнувајќи 1,51 милијарди денари или 24,1 милиони евра - стои во извештајот на "Глобал проперти гајд".

Од друга страна, има пораст на кредитирањето за купување куќи за 11,5% достигнувајќи 20,83 милијарди денари или 333,4 милиони евра заклучно со јуни 2013 година. Околу 85% се деноминирани во домашна валута, додека преостанатите 15% се во странска валута. Големината на хипотекарниот пазар изнесува само 4,3% од македонскиот БДП.

Во Европа продолжува опоравувањето, констатира "Глобал проперти гајд" издвојувајќи 12,46% скок на цените на недвижностите во главниот град на Естонија, Талин во однос на истиот период лани. Силен скок е забележан и во Германија за 9,61% на годишно ниво, потоа во Данска за 6,53%, во Полска за 5,13% и Турција за 4,65%.
Авторите на известувањето истакнуваат дека шест најслаби пазари во истражувањето се лоцирани токму во Европа. Тоа се Шпанија, Грција, Русија, Романија, Хрватска и Холандија.

- Шпанија е најслабиот пазар на недвижности во светот каде падот на цените на годишно ниво изнесува 9,46%. Грција е пред Шпанија каде падот на цените изнесува 8,85%, во Русија падот изнесува 8,18%, во Романија 7,15%, во Хрватска изнесува 6,56% - велат од "Глобал проперти гајд".

Најдобри перформанси во третиот квартал прилагодени на инфлацијата забележа Дубаи каде цените на недвижностите на годишно ниво скокнале за дури 21,37%. Потоа следи Тајван со скок на цените од 14,98%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik